На покана на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ во Македонија престојува врвен научник за блатни екосистеми–проф. д-р Јос Ферхуфен, претседател на Европскиот огранок на Светското друштво на научници за блатни екосистеми.

Тој во Скопје одржа серија предавања на Природно-математичкиот факултет и ќе беше специјален гостин на тркалезната маса во организација на Здружението за заштита на животни и животна средина Е.Д.Е.Н. на тема „Влијанието на планираните инфраструктурни проекти врз биодиверзитетот во охридско-преспанскиот регион“

Ферхуфен денеска ќе го посети Охрид каде ќе одржи средби со прeттставници на Хидробиолошкиот завод и членови на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ.

– Благодарение на заложбите на проф. Ферхуфен, Охрид беше избран за домаќин на годишниот конгрес на Европскиот огранок за 2018 г. кој ќе биде организиран во соработка со Хидробиолошкиот завод и Охрид ЅОЅ. Во склоп на посетата проф. Ферхуфен ќе го посети и Студенчишкото Блато бидејќи неговата експертиза е токму проучување на блатните екосистеми и нивната функција во служба на луѓето преку екоситемските услуги, односно економската придобивка од екосистемите. – информираат од Здружението за заштита на животни и животна средина Е.Д.Е.Н. 

OhridNews