Новоизбраниот претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, денеска ќе престојува во посета на Македонија. Предвидено е да оствари средба со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, по што ќе се обрати во парламентот.

На почетокот на посетата Сасоли ќе ја отвори Јуроп Хаус (Europe House) во просториите на Делегацијата на Европската Унија и ќе се придружи на дебатата со амбасадорот Самуел Жбогар и ученици од средни училишта на тема „Визијата на младите за ЕУ”.

Ова е негова прва официјална посета надвор од Европската Унија.

OhridNews