Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе биде домаќин на Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Мета во Скопје ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести.

Планирано е Илир Мета да има тет-а-тет средба со Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, а по завршување на пленарниот состанок на делегациите двајцата претседатели ќе одржат пресконференција.

OhridNews