По денешната средба со својот албански колега, претседателот Стево Пендаровски изнесе предлог-во наредниот период да се одржи вонреден Самит на земјите од Западниот Балкан на кој ќе се разговара за „проширувањето и добрососедските односи и за отфрлање на алтернативите на проширувањето“. Како што додаде Пендаровски, доколку има согласност, Самитот би се одржал во Македонија.

Средбата со албанскиот претседател Илир Мета во Тирана е прва средба на официјално ниво меѓу двете земји по одбивањето од страна на ЕУ да одреди датум за почеток на преговорите за Македонија и за Албанија.

OhridNews