Театарската кореодрама „Дениција“, работена според истоимената поема на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски, на 23-ти април ќе биде изведена во рамки на фестивалот „Балкан трафик“ во Брисел, во познатиот театар-кабаре „Ос а Моел“. Со тоа, оваа копродукција помеѓу Народниот театар од Охрид и парискиот театар „Иси е ла“, ќе ја доживее својата европска премиера.
Кореодрамата „Дениција“ е авторски сон на Константин Плевнеш, режисер и композитор на оргиналната музика, во која се појавува една исклучителна уметничка екипа од Македонија: Во улогата на поетот настапува првенецот на Драмскиот театар од Скопје, Рубенс Муратовски, во улогата на Дениција, младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија, Саша Ефтимова од МОБ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите се на Марија Пупучевска, уметнички соработник е Флориан Габер од Париз, видео-арт на Милчо Узунов, и Сергеј Андреевски со серијалот на слики инспирирани од Дениција.
Претставата е веќе најавена на интернет страната на бриселскиот фестивал, како „љубовен Молотов коктел од Македонија“ и предизвикува голем интерес кај публиката.
OhridNews












