Претставата „Мачка на вжештен ламаринен покрив“ на охридската Гимназија влезе во официјална конкуренција за награда на Драмскиот аматерски фестивал Кочани 2014, на кој учествуват театарски проекти од регионот и Европа.
Претставата „Мачка на вжештен ламаринен покрив“ од Тенеси Вилијамс, како проектна активност ја подготвија ученици на охридската гимназија под водство на проф. Ирена Бачиќ. Сценографијата е на проф. Кети Слатинец, а за светлото се погрижи Илија Левески. Сценскиот настап е пропратен со музика на пијано (Димитриј Атанасов) и вокални аранжмани (Емилија Колоска).
Инаку, охриѓани утре вечер со почеток во 19 часот во Центарот за култура, ќе имаат можност репризно да ја погледаат претставата „Мачка на вжештен ламаринен покрив“ што ќе биде голем поттик за младите актери аматери пред настапот на фестивалот во Кочани.
OhridNews













