Центар за култура „Григор Прличев“

Од 13.03.2026 - 20:00 до 13.03.2026 - 22:00

Претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле повторно на репертоарот на Народен театар Охрид во петок, 13 март, со почеток во 20.00 часот.

Актерската екипа на претставата ја сочинува Стрезо Стаматовски (Митре), Филип Кипровски (Анѓеле), Марија Новак (Мара), Адријана Билаловиќ – Тодороска (Ката) и Никола Тодороски (Софре), а адаптацијата и режијата се на Андреј Цветановски.

Парите се отепувачка спаѓа во класиците на македонската драматургија и како таква секогаш е подложна за нови сценски прочити. А тоа е можно затоа што темата е секогаш универзална: Која е жртвата што ја прави оној што оди на печалба, но и која е жртвата на семејството кое останува и чека печалбарот да се врати? Дали вреди животот да се стави на пауза заради соништата на семејството? Дали изгубеното време се надоместува со било кои пари? Низ овие поставени прашања се обидовме да направиме античка трагедија низ македонскиот мелос од битовата драма на Ристо Крле, велат од Народен театар Охрид,

Картите ќе бидат во продажба на билетарата при Центарот за култура „Григор Прличев“ од понеделник 09.03.2026 година по цена од 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.

OhridNews