Во периодот кој претстои, СВР Охрид ќе спроведе позачестени превентивни мерки за ред во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.

Полициските службеници ќе ги контролираат возачите на моторни возила и ќе укажуват на потребата од прописно паркирање, посебно во централното градско подрачје.

СВР Охрид ќе интервенира по сите законски основи но и по барања и реакции на граѓаните и посветено ќе работи на расветлување на пријавените казнени дела.“ – велат од Секторот за внатрешни работи Охрид.

Исто така, ќе се контролираат и моторциклистите, на кои ќе им биде укажено на неопходна потреба од носење на заштитен шллем, а превентивно ќе се делува и кон пешаците, за прописно помнување на коловозите.

Од СВР Охрид информираат дека целта на активностите кои ќе имаат превентивен карактер, е зголемување на безбедностанта култура, елиминирање на можностите за нарушување на јавниот ред и мир и вршење кражби, пред почетокот на туристичката сезона.

OhridNews