Екипи од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија  инсталираа сеизмометри кои во наредниот период ќе ја следат состојбата со сулфатарата во Косел.
 
Како што информираат од ПМФ, сеизмичноста на ова подрачје , во живо, преку интернет, ќе се следи во сеизмолошката опсерваторија во Скопје . Сеизмометрите ќе регистрираат и најмали придвижувања во земјата.

Од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија потенцираат дека  сеизмолошката апаратура се поставува превентивно за да се исклучи било каква опасност.
 
Стручните лица во неколку наврати потенцираа дека  засега нема никакви наговестувања за евентуална зголемена сеизмична активност во ова порачје.

OhridNews