Сопственици на дел од поголемите хотели од Македонија, инвеститори и претставници на охридската локална самоуправа ќе бидат дел од презeнтацијата „Земете ја контролата во свои раце и заштедете до 45%“ која ќе се одржи утре во Охрид.

Во рамки на настанот, што го организира една од водечките компании на ИКТ пазарот „Кабтел“, ќе бидат презентирани современите сеопфатни решенија за туристичката индустрија, трговијата на мало, крстарење и патување.

Организаторите информираат дека станува збор за оптимизирани решенијата за сите потреби и големини, а во рамки на настанот детално ќе се презентира и за Додадената вредност на хотелиерите од користење на интелигентниот „Building Management System“ (BMS).

OhridNews