Четириесет годишниот професионален ангажман на  академик Вера Битракова Грозданова посветен на истражување на преспанскиот ареал е крунисан со две монографии. Синоќа пред пошироката јавност во Куќата на Уранија беше промовиран вториот том, додека првата монографија е публикувана во 2011 година.

Промотор на монографијата „ Голем Град Преспа II“ беше претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Владо Камбовски.

„Задоволство ми е што токму мене ми припадна честа да го промовирам најновиот  научен труд на академик Битракова која со децении ја истражува подалечната историја на Преспа и цивилизациските вредности на оваа регија.  Имено, ова дело ги сублимира напорите на долгогодишната истражувачка активност на академик Битракова на полето на културното и историското минато на Преспа и содржи археолошки наоди за овој трезор. Низ оваа монографија се потрдвуа фактот дека археологијата е дисциплина на духовноста и  ја поздравувам студиозноста и систематичноста на академик Битракова.Овој труд е значаен придонес во научната сфера и верувам дека ќе го привлече винамнието го светската истражувачка јавност.“ – изјави академик Камбовски.

Академик Битракова пред присутните на промоцијата сподели дел од своето искуство и спомена некои од нејзините доживувања на островот Голем Град заедно со тимот научници.

„Научниот интерес целиот мој работен век  ми беше насочен кон истражување на Преспа. Секогаш кога помислував да престанам, наоѓав нешто ново и продолжував понатаму сите овие изминати години наназад. Иако јас сум Охриѓанка, ги истражувам Охрид и Струга и неспорна е и  нивната културна вредност, но сепак се посветив цел мој живот токму на преспанскиот регион заради тоа што сметам дека  преставува недоволно истражен простор.Се надевам дека мојот труд ќе биде инспирација за некој друг истражувач да ја продолжи мисијата и да  го напише следниот, односно трети том посветен на Преспа.“-рече академик Битракова.

Силвана Блажевска, директор на националната установа „ Стоби “ и соработник на овој научно- истражувачки проект, истакна дека за време на истражувањата имало доста интересни моменти, но и потешкотии.

„Имаше и доста тешкотии во истражувачкиот процес, но независно од сите предизвици , морам да нагласам дека сите археолози живеат за тој момент, да откријат нешто ново, да дојдат до ново сознание и  се радуваме за резултатот.“ – истакна Блажевска.

Овој настан беше дел од научно – уметничката визита на МАНУ во Охрид, во рамки на која во текот на месец август се предвидени повеќе културни случувања.

Ивана Чичоска