Пријателскиот фудбалски натпревар С Македонија – Словенија ќе се игра со 30 отсто присуство на публика
28.05.21 09:47
Во знак на поддршка на македонската фудбалска репрезентација, која првпат се пласираше на една Европското првенство, Владата на синоќешната редовна седница, одржана преку видеоконференциска врска, донесе Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари.
Како што информира владината Прес-служба, согласно оваа Одлука, подготвителниот натпревар на нашата фудбалската репрезентација со Словенија, кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје ќе се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините.
За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада, се додава во соопштението.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
ГРК Охрид ја забележа осмата победа сезонава во ракометната Супер лига, совладувајќи го Младост 1977 од Богданци со 24:20 (13:11), во натпревар од 10 коло Со новите бодови „гладијаторите“ остануваа...
Независноста на уставните судови, почитувањето на нивните одлуки и довербата во институциите се во фокусот на меѓународната конференција „Современи предизвици за владеењето на правото: улогата на у...