Струшката Полициска станица поднесе кривична пријава против две лица од село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“.
Пријавените во селото Радолишта вршеле ископ со механизација поради тампонирање на постојниот локален пат до магистралниот пат Струга-Ќафасан. Притоа, со ископот неовластено било опфатено и местото северно од Ранохристијанска базилика, односно неистражен дел, кој претставува споменик на културата и за кого надлежен бил Завод и музеј Охрид.
OhridNews












