Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, при изведување на градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, на место викано „Лавчани“,  двајца работници село Могорче, дебарско, биле удрени од црево кое било под дејство на компромиран воздух.

Тие  биле пренесени во Медицински центар Кичево каде им била укажана лекарска помош. Кај еден од повредените биле констатирани тешки телесни повреди на главата, по што бил препратен во Ургентен центар Скопје, а кај другото лице биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews