Судот го прифати обвинението за предметот „ТНТ“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство за уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Претходно Апелацискиот суд одлучи објавените прислушкувани раговори во овој предмет да бидат прифатени како доказен материјал.

Предметот е предаден во надлежниот суд кој треба да распредели судија кој ќе го води судењето.

OhridNews