Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 38-годишен жител на струшкото село Франгово.

– На 19-ти минатиот месец, во 14 часот и 30 минути, во семејниот дом во селото Франгово, се случила семејна расправија помеѓу сега пријавениот и неговата сопруга. Во еден момент од жестоката вербална караница, пријавениот физички ја нападнал сопругата удирајќи ја по целото тело со нозе и со тупаници. Со цел да го избегне физичкиот напад, кој се случил во присуство на роднините на пријавениот, оштетената избегала надвор од домот но, во дворот била стигната од сопругот и повторно нападната, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Натамошниот тек од  физичкиот напад бил спречен од соседите кои и помогнале на оштетената и ја засолнале во нивниот дом. Набрзо тука пристигнал нејзиниот татко кој ја пренел во Општата болница во Струга.

OhridNews