Вчера полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 43 годишна жена од Република Србија.

Таа се сомничи дека околу 08.00 часот физички нападнала 42 годишна жена од Охрид пред угостителски објект во Охрид, во кој работела. Жената од Србија била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

OhridNews