Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР за периодот (07/08.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 49 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистичките податоци за изминатото деноноќие  на 26 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

OhridNews