Во спортски објект во Струга, вчера, околу 20 часот, биле приведени две лица од Струга, поради постоење основи на сомнение за напад и спречување на службено лице во вршење на службено дејствие при одржување на ракометен натпревар.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против двајцата стружани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

OhridNews