Продолжува акцијата за пополнување на ударните дупки низ охридските улици. Надлежните од локалната самоуправа информираат дека во рамки на оваа акција досега е поставен асфалт на површина од 450 метри квадратни.

-Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид ова акција ја започна пред околу 10 дена. Најпрво се санираа дупките низ централните градски улици, „Партизанска“ и „Димитар Влахов“, по што следеше санација на оштетените делови на „7 –ми Ноември “,„Бекир Aли Риза“ и други улици, појаснуваат од општина Охрид.

Овој проект ќе продолжи и во текот на наредниов период, а според планираното асфалтен материјал ќе биде поставен на површина од околу 1.500 метри квадратни.

OhridNews