Во наредните два дена ќе преовладува сончево и топло време, а во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има појава на локален пороен дожд со ретки грмежи.

Пооблачно и понестабилно, особено во северните и источните делови, ќе биде во петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе опадне за околу 5 степени. Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а од недела попладне се очекуваат нови врнежи од дожд, информира УХМР Македонија.

OhridNews