Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион за  утре, среда 22 август, со почеток во 12 часот, го најавува почетокот на работите за реконструкција на Детската градинка Развигорче во Охрид, при што во присуство на претставници на локалната самоуправа, меѓу кои и на Градоначалникот, Јован Стојаноски, од Јавната установа Јасна Ристеска, и од Тимот на Центарот за развој на ЈЗПР, ќе биде извршено воведување во работа на фирмата која ќе изврши замена на кровната конструкција на објектот.

Во рамките на проектите на Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, за подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти, лани беа извршени поголем дел на интервенции на споменатиот објект меѓу кои и замена на старата столарија со нови ПВЦ врати и прозори, изведена беше термо фасада, како и интервенции во санитарни јазли, а годинава објектот целосно ќе биде реконструиран со замена на лимената конструкција, чија вредност е 31.000 евра.  Вкупно во реконструкцијата на Развигорче инвестирани се над 83.000 евра, со што покрај значително зголемената енергетска ефикасност на објектот, подобрени се и условите за престој и работа со најмладите поколенија.

Во рамките на проектот за подобрување на енергетска ефикасност на јавните објектот, покрај во овој објект во Охрид, реконструкција и санација се врши на Објектот на заедницата во Волино, Општина Дебрца, во јавниот објект во Општина Кичево, и во детската градинка 8 март – Пеперутка во Струга, за што ќе бидат вложени вкупно околу 11,5 милиони денари.

OhridNews