Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на трет ден Велигден, вторник, со почеток во 8.30 часот ќе има утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви. За Варош, литургијата ќе се одржи во црквата „Св. врачи Козма и Дамјан“.
На светли четврток, архиерејска литургија ќе има во црквата „Св. Јован Богослов“- Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.
На 21-април, источен петок Балаклија, со почеток во 7.30 часот ќе се одржи утрена со Златоустова литургија во црквите „Св.Богородица“-Каменско, и „Св.вмч.Ѓорѓи“.
На 23-ти април, на Томина недела, со почеток во 8.30 часот, архиерејска литургија ќе се одржи во црквата „Св.Никола“- долна влашка маала.
OhridNews












