Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Во Охрид денеска не очекува сончево и многу топло време. Максималната температура ќе достигне 34 степени.

Топлотниот беан се очекува да трае до крајот на оваа седмица. На места во попладневните часови ќе има услови за нестабилност и развој на невреме, предупредува УХМР.

Г.М.