После Воскресенската пауза едицијата интерактивни трибини „Разговори со млади” продолжува од 23.05.2026 во 18:00 секоја сабота во административните простории при храмот „Успение на Пресвета Богородица” – Каменско во Охрид.
Трибините се од отворен тип, а по предавањето секој има право на учество, прашања, споделување мислења, искуства и совети.
Ги покануваме сите млади луѓе од Охрид и околината да присуствуваат и активно да се вклучат во разговорите, а со цел приближување на младите кон верата и јакнење на моралните вредности, вели отец Љупчо Бакрачески.
OhridNews














