
Проф.Д-р Јован Стојаноски беше носител на советничката листа на здружената опозиција на локалните избори одржани минатата година. Тој на местото координатор доаѓа по разрешувањето од функцијата советник на претседателот на ОО СДСМ Томислав Тунтев од страна на владеачкото мнозинство.
На синоќешната координација на советниците на СДСМ станува збор и за точките кои ќе се најдат на дневен ред на продолжението од 23-тата седница која ќе се одржи утре. На оваа седница се очекува да биде верификуван мандатот на новиот советник од редовите на СДСМ, Виолета Мицкоска, која ќе го заземе местото на разрешениот Тунтев.
Ohridnews











