Љубомир Групчев со 150 прочитани книги е прогласен за читател на годината во Охридската библиотека „Григор Прличев“ во категоријата возрасни, а Стефан Трајчески со 60 прочитани книги во категоријата деца во 2021 година.

Највозрасен читател во Библиотеката во Охрид е 90-годишната Благородна Тасевска, која е активен член од мај 1932 година, додека за најмлад запишан е Павел Ристески, со неполна година. Најредовните читатели за минатата година, како и највозрасниот и најмладиот, денеска беа прогласени на свеченост во НУ „Григор Прличев“ во чест на Светскиот ден на книгата и на авторското право.

Највозрасниот читател во Библиотеката е роден 1932 година, додека најмладиот кој е симболично запишан во нашата евиденција е новороденче од Охрид кое сеуште нема ни една година, а го запишале неговите родители. Тоа за нас е огромна чест и задоволство, рече директор НУ Библиотека „Григор Прличев“, Милчо Јованоски.

Вели дека покрај благодарници, на читателите им биле подарени и книги, за да може да уживаат во пишаниот збор.

Најчитана книга од македонски автор за возрасни минатата година е „Тајната на Алексови” од Наде Стојилкови, а од светки автори „Сестрата на сонцето: приказната на Електра“ на Лусинда Рајли. Во категоријата најчитани македонски автор за деца е „Девојките на Марко“ од Оливера Николова, додека од странски автор првото место и припаѓа на „Пајажината на Климентина” – Елвин Брунк Вајт.

OhridNews