Ниските температури под нулата замрзнаа многу овоштарници во Дебрца и охридско. Штети има на насадите со јаболка, цреша и лозјето во Дебрца. Колкави се тие, ќе проценува општинската комисија која на терен ќе излезе во понеделник, изјавија за OhridNews од локалната самоуправа.
Студеното време ги опустоши овошките во Преспа каде штетите се речиси стопроцентни.
Владата вечерва одржа вонредна седница на која се разгледувале мерките за помош на земјоделците чиј род го уништи студениот бран.
OhridNews
фото: илустрација












