Според туристичките работници, интересот за Македонија оваа година е зголемен за околу 20 проценти, но постои загриженост кај странските тур-оператори за политичките случувања во земјава.
-Има интерес и загриженост од нивна страна но нема никаква препорака да не се патува во Makedonija. Букирањата се зголемени и се надеваме дека тој тренд ќе продолжи. Загрижени се сите, no позитивнi се случуањата и мислам се ќе се реши во најбрз можен рок, а ние својот дел од работата дефинитивно ќе го завршиме. – изјави Асим Меѓедевиќ од Т.А. „Фибула“.
Загриженост изрази и градоначалникот на Охрид Бакрачески, дотолку повеќе што има и одредени откажувања на веќе склучени аранжмани. Тој е оптимист дека ќе биде воспоставен политички дијалог во земјата за излез од кризата, за општо добро и секако за добро на туризмот.
-За жал изминатите три години на почетокот на секоја туристичка сезона ни се случуваат немили настани кои во дадена мера доведууваат до одредено откажување на аранжмани од западноевропските звмји, можеби не во значителна мера, но тоа е исклучително важно не само за одвивањето на туристичката сезона, туку и на развојот на туризмот во идните години.- рече Бакрачески.
На охридскиот аеродром со авион на агенцијата Корендон денеска пристигнаа 180 холандски туристи, кои и оваа година се очекува да ги има во најголем број на ривиерата. Во летната сезона, на аеродромот „Св. Апостол Павле“ оваа сезона се очекува да слетаат 183 авиони од Амстердам, кои ќе донесат преку 28.000 холандски туристи.
Г.М.













