Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 12 степени.

Следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има утре и кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено силен ветер од јужен правец.

Дневната температура на места ќе биде под нулата, а во котлините и градовите неколку степени над нула. Максималната дневна температура ќе се движи помеѓу 10 и 18 степени.

Г.М.