Денеска ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне пообилни во западните делови и на крајниот исток. Во утринските часови ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 24 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.

Променливо облачно со повремен слаб дожд и со засилен северен ветер, ќе биде и во текот на утрешниот ден. Од понеделник врнежите ќе престанат, а дневната температура ќе биде во пораст.

OhridNews