Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој од пладне ќе го промени правецот во северен и повремено ќе засилува.

Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Охрид до 13 степени.

Во првите два дена од новата седмица ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег се очекува во среда и четврток.

OhridNews