Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура до 12 степени.

Следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има утре и кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

OhridNews