Променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди во текот на денот. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.

OhridNews