Времето денес нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Утре ќе дува засилен до силен ветер кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Во вторник повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
OhridNews













