Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h).

Во Охрид времето денес променливо облачно со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со постепен пораст на температурите.

OhridNews