Променливо облачно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Претпладне процесите ќе бидат поинтензивни во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 24 степени.

Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и во сабота во текот на денот. Во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (за 7 до 10 степени).
OhridNews











