Времето денеска ќе биде променливо, од пладне локално нестабилно, на места со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Во Охрид се очекува променливо облачно време со температура до 19 степени Целзиусови.

До средината на работната недела ќе преовладува постабилно време, а мали услови за појава на пороен дожд со грмежи ќе има на југот од земјата. Дневната температура ќе биде во постојан пораст. Од четврток на се повеќе места температурата ќе надминува 30° С. 

OhridNews