Во Н.У. библиотека “Григор Прличев“, денеска беше претставено најновото научно дело  на родокрајниот автор, д-р Миле Д. Миќуновиќ,  “Полово образование“

Книгата всушност на научна основа се обидува да ја објасни сексологијата и да го симне вечното табу, вели професорот Миќунивиќ, според кого, незнаењето за половите односи  предизвикува психолошки, а често и физички промени кај луѓето.

Книгата е во издание на Педагошкиот факултет од Битолаа. Испечатена е во 300 примероци и пред се е наменета за едукација на наставниот кадар вели д-р Миќуновиќ.

Македонија е прва земја на Балканот која го воведе предметот полово образование во наставна програма, со што се следи современиот тренд во Европа каде постојат и катедри по овој предмет.