Во пресрет на празникот „Св.Кирил и Методиј“, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид организира промоција на книгата „Нишани што водат кон универзитетот на Свети Климент“ од Никола Бошале.

За авторот и делото ќе говори проф. д-р Пере Аслимоски.

Промоцијата ќе се одржи утре во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

OhridNews