Деновиве во црквата „Свети Ѓорѓи“  се одржа промоција на книгата: „Расправа за вистинското почитување на Пресвета Богородица“ од свети Људевит Монтфортски (католички светец од 18.век), дело кое е класика на маријанската побожност, преведено на околу 30 јазици и кое има доживеано повеќе од 300 изданија.


 
Овој прв превод на „Расправата“ од Монтфорт на македонски јазик е плод на екуменската соработка помеѓу Католичката Црква во Хрватска и нашата Црква, духовно пријателство и соработка кои траат повеќе децении.

На промоцијата беа присутни 40 гости од Загреб кои ги водеше о. Миховиљ Филиповиќ, монфортанец од Загреб. По промоцијата, о. Миховиљ им подари на сите присустни по еден примерок од промовираното дело. Гостите од Загреб раскажуваа дека се одушевени од престојот во Охрид и од гостопримството на нашите луѓе, не информираше свештенството од црквата Свети Ѓорѓи.

ohridnews