Монографијата за скулпторот Стефан Нестороски, од Јорданка Матова, денеска ќе биде промовирана во куќата на Робевци во Охрид.

Промоцијата која се одржува по повод Денот на независноста е во организација на Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, а за монографијата ќе говорат Гоце Ангеличин Жура и Никола Николоски.

Промоцијата започнува во 20 часот.

Ohridnews