Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ и средното училиште „Св. Наум Охридски“ – Охрид, денеска организират промоција на стихозбирката „Ветрови на имагинацијата“ од Блаже Љушев.

Промотор на делото ќе биде професор Татјана Дурнева.

Промоцијата ќе се одржи во изложбениот салон на Центарот за култура со почеток во 19 часот.

Ohridnews