Во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид денеска  ќе се одржи промоција на стихозбирката „Трепери срцето мое“ од  поетесата Гордана Гоце Балеска.

Книгата  во издание на „Ирис Принт“ – Струга, ќе ја промовира Доца Цветкоска, а стихови ќе презентираат Елена Попоска и Славе Танески.

Промоцијата започнува во 19 ч.