Најновата стихозбирка на познатиот охридски и македонски поет и писател Видое Видически под наслов „Вие “ ќе биде промовирана во сабота во култната кафе тераса „Аквариус“ во Охрид.

За книгата ќе говорат Раде Силјан претседател на Друштвото на писателите на Македонија и академик Матеја Матевски. Стихови ќе говори Анета Јовановска. Издавач на стихозбирката е „Дијалог “ од Скопје.

Промоцијата започнува во 11,30 часот.

Ohridnews