Промоцијата на збирката поезија и проза „Уметничките воздишки на малите срца“, ќе се одржи денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 18.30 часот.

Збирката позеија и проза е плод на членовите на литературниот клуб „ПОЕМА“, кој функционира во склоп на Младински Совет Охрид, како дел од програмата за развој на креативноста кај младите „Млади креативци“.

Издавач на збирката е националната установа – градска библиотека „Григор Прличев“.

Промотори се г. Смиле Наумоски – Брсјак, Доца Цветкоска Маџоска и Тоде Илиевски.

OhridNews