Добра атмосфера, фина музика, опуштен разговор и неформално дружење – ја одбележаа промоцијата на www.ohridnews.com, првиот локален електронски весник во Македонија.


Воведна реч одржа Горан Момироски-уредник на весникот, по што на присутните им се обрати претседателот на регионалната канцеларија на Здружението на новинари на Македонија, Борис Ѓорѓиоски, кој напомена дека отворањето на електронскиот весник претствува храбар потег кој заслужува внимание од јавноста и поддршка од авторитетите.

Владимир Четкар, светски познатиот џез музичар и наш сограѓанин, изведе две нумери од неговиот богат репертоар , по што уметникот Драган Спасески-Охридски го промовираше весникот.


Симболичното “enter“ го притисна градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, со што и официјално почна со работа интернет порталот на кој ќе работат Никола Главинчески-веб администратор, Горан Момироски, Нина Кепеска и Спаско Костоски-новинари.

www.ohridnews.com – Аирлија нека биде!