Денес во просториите на ОУ „Св. Климент Охридски“ премиерно беше одржана проекција на новиот рекламен спот во рамките на кампањата на училиштето.

– Во спотот се нагласени вредностите на основното училиште кое е со тренд на зголемување на бројот на учениците што е доказ за континуирана напорна работа и целосна посветеност на учениците и родителите, училиште кое е во градот оценето со највисоки оценки што е сон на секој наставник и вработен во училиштето, како и училиште кое е со голема безбедност, одделено од сообраќајниот метеж, за што придонесува и местоположбата, велат од училиштето.

Спотот го изработија наставниците Никица Мишева, Мери Крстеска и Димитрие Ристески, а во него учествуваат родители како и ученици при филмската секција.

OhridNews