Во рамки на 4-дневното одбележување на Денот на Охридското Езеро, вчера, во кристалната сала на хотел „Дрим“ во присуство на преставници од ГИЗ  и германската амбасада, комората на занаетчии, членки на туристичкиот кластерот „ЕДЕН“ и други гости, беше промовирана брошурата  со туристичките потенцијали на Југозападниот плански регион, која е наменета за странските тур-оператори.


Брошурата која е изработена на квалитетна колор хартија ја содржи понудата за активен одмор во Југозападниот плански регион.

Таа ке биде презентирана на сите идни настапи и саеми надвор  од нашата држава, а целта е што поголемо заживување на целиот регион и збогатување на туристичката понуда, која ќе биде конкурентна на странските пазари.

OhridNews