Во градската библиотека „Григор Прличев“ се одржа промоција на книгата „Вечна светлина над Македонија“ од поетесата Гордана Димовска, која живее во Мелбурн. За книгата зборуваа Вангелко Лозаноски и  Љубица Чифлигароска.  Делови од книгата читаа Магдалена Стефаноска и Јана Иваноска  од литературната секција  од О.У. „Кочо Рацин“ од Охрид.

Сите  заедно  се потрудија со својата вештина да ја  пренесат  содржината на делото во кое афторката со голема љубов и храброст се бори за зачувањето на македонскиот јазик кај новите македонски поколенија во далечниот свет  надвор од границите на Македонија. Научните и литературни дела на Димовска зборуваат  за  минатото , сегашноста и иднината на родната Македонија. Таа секогаш со голема почит и љубов  зборува за нејзините  корени со тоа што е чест дописник за македонски списанија , весници кои се печатат во Македонија и светот.

Димовска е истакната поетеса, есеист, научник, публицист, новинар и просветен работник  на македонските ученици во Мелбурн.

OhridNews